Полска и двете балтички земји целосно ќе ги затворат границите со Белорусија доколку дојде до инцидент со платениците од Вагнер групата, изјави полскиот министер за внатрешни работи Мариуш Камински.
Членките на Европската унија, Латвија, Литванија и Полска, кои ја делат границата со Белорусија, се загрижени за безбедноста на своите граници по доаѓањето на платениците на Вагнер во Белорусија на покана на белорускиот претседател Александар Лукашенко.
Полска бележи зголемување на бројот на мигранти претежно од Блискиот Исток и Африка кои се обидуваат да ја преминат границата во последните месеци и ја обвини Белорусија дека им помага.
Видете и ова: Полска испраќа 10 000 војници на границата со Белорусија„Бараме од властите во Минск, Вагнер веднаш да ја напушти територијата на Белорусија и илегалните мигранти веднаш да ја напуштат граничната област и да ги вратат во нивните матични земји. Доколку има критичен инцидент, без разлика дали е на полската или литванската граница, веднаш ќе возвратиме. Сите гранични премини што беа отворени досега ќе бидат затворени“, изјави Камински за новинарите.
Белоруското Министерство за надворешни работи не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.
Со оглед на тоа што шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, се верува дека загинал во авионска несреќа минатата недела, судбината на мрежата на воени и комерцијални операции што тој и Вагнер ја создадоа за Русија низ Европа, Блискиот Исток и Африка виси на конец.
Литванската министерка за внатрешни работи Агне Билотаите за медиумите изјави дека постојат два критериуми кои можат да доведат до затворање на границата.
„Пред сè, вооружен инцидент на границата на една од државите. Инцидентот треба да претставува сериозна закана за националната безбедност. Вториот критериум е масовен пробив на мигранти преку границата на една од државите“, рече таа.
Видете и ова: Литванија затвори два премини со Белорусија поради ВагнерБилотајте рече дека литванското Министерство за внатрешни работи ќе и предложи на владата да затвори два од четирите преостанати гранични премини со Белорусија, што, според неа, ќе го спречи криумчарењето и ќе концентрира повеќе полиција на преостанатите гранични премини.
Полска годинава ги затвори сите гранични премини со Белорусија, освен еден, откако затвори новинари од полско потекло и протера полски дипломати.