Бугарскиот премиер Николај Денков во интервју за „24 часа“ изјави дека бугарската влада нема причина да го смени ставот кон Северна Македонија и очекува земјава да ги исполни обврските кон Европската унија.
“Категорично не и нема никаква причина да ја промениме позицијата. Со реализацијата на т.н француски предлог, како резултат на кој беше укинато ветото, разговорот, всушност, повеќе не е меѓу Бугарија и Северна Македонија, туку помеѓу Северна Македонија и ЕУ. Тоа што се очекува е да си ги исполнат обврските пред ЕУ. Нема никаква причина да ја смениме нашата позиција, истакна Денков.
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел по синоќешната билатерална средба со премиерот Димитар Ковачевски, што се одржа пред почетокот на Бледскиот стратешки форум, изјави дека е убеден дека иднината на Северна Македонија е во ЕУ.
Видете и ова: Мишел: Поддршка за иницијативата за уставни амандмани и покрај политичките предизвициПо средбата со Ковачевски, Мишел на социјалната мрежа X (Твитер) изрази целосна поддршка на иницијативата за усвојување на уставните амандмани и покрај, како што пишува, многуте политички предизвици.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, во интервју за белградскиот весник „Политика“, ја обвини домашната дипломатија дека не се изборила за подобри позиции и гаранции дека нема да има нови пречки за македонскиот евроинтегративен пат.
„Која е гаранцијата дека оваа промена на Устав која сега се бара од Македонија ќе биде последна? Дека нема утре да се бара промена на Устав во која ќе се редефинира прашања кои се од идентитетски карактер или нема да се бара ново минимизирање и бришење на АСНОМ како темел на македонската државност. Некои сигнали стигнуваат од Бугарија кои веќе отворено го негираат Илинденското востание и неговиот карактер и за ова повторно немаше никаква реакција од страна на Министерството за надворешни работи“, наведува Мицкоски.
Видете и ова: Ескобар очекува да продолжи процесот на уставни измени, опозицијата бара избори