Иран кривично гони поп ѕвезда поради песна против хиџаб

Иранските власти започнаа правна постапка против истакнат поп пејач поради неговата најнова песна со која ги повикува жените да ги симнат задолжителните шамии, соопшти иранското судство во неделата.

Оваа судска постапка против Мехди Јарахи доаѓа речиси една година по смртта во притвор на Махса Амини (22), што предизвика повеќемесечни протести низ целата земја. Таа беше приведена поради поради наводно прекршување на строгиот кодекс на облекување на Исламската република, кој бара да се покрие главата и вратот на жената.

Јарахи (41) во петокот објави песна наречена „Росарито“, што на фарси значи „Твојата шамија“, изразувајќи поддршка за минатогодишното протестно движење.

„Против Мехди Јарахи беше поднесена правна постапка по објавувањето на нелегална песна која им пркоси на моралот и обичаите на исламското општество“, се вели на веб-страницата на кривични суд.

Триминутниот видео клип на Јарахи го вклучи слоганот на протестното движење „Жена, живот, слобода“.

Видете и ова: Иран загрижен поради можни протести во пресрет на годишнината од смртта на Махса Амини


Тој ги повика жените „да ги симнат шамиите“, а видеото вклучува кратки клипови од неколку жени кои танцуваат со непокриена коса.

Мизан рече дека правните мерки против Јарахи ќе опфатат и друга „контроверзна песна“ што ја објави во октомври. Насловен како „Сороде Жан“ или „Женска химна“, која стана карактеристика на протестното движење, особено на универзитетите.

Во 2018 година Јарахи ја доби наградата за најдобар поп пејач на фестивалот Фајр, најважниот музички настан во земјата организиран од владата.

Тој ги критикуваше властите во неколку наврати за време на неговите концерти, главно поради перцепираната маргинализација на луѓето во неговата родна провинција Кузестан, која има големо арапско малцинство.


За време на неколкумесечните протести, кои Техеран генерално ги означува како „немири“ поттикнати од странство, беа уапсени илјадници Иранци, а стотици беа убиени, вклучително и десетици безбедносни лица.

Иранките сè повеќе го прекршуваат строгиот кодекс на облекување откако почнаа масовните протести со барање за прекин на задолжителното носење шамии.

Минатиот месец државните медиуми објавија дека полицијата повторно започнала патроли за да ги приведе оние кои ја оставаат својата коса откриена во јавноста.