Висок функционер на Европската унија на 26 август ја повика Русија да го обнови договорот за жито, за да овозможи безбеден извоз на украинско жито преку пристаништата на Црното Море. Русија се откажа од договорот минатиот месец.
Извршниот потпретседател на Европската комисија, Валдис Домбровскис, рече дека руските ограничувања за превозот на украинско жито преку Црното Море создаваат проблеми не само за Киев, туку и за многу земји во развој.
Русија користи „жито како оружје“, рече Домбровскис, кој е во Индија за да учествува на состанокот на министрите за трговија на Г20.
Тој вели дека ЕУ ги поддржуваа сите напори на Обединетите нации и на Турција за до возобноват договорот, додавајќи дека Унијата обезбедува алтернативни трговски патишта, исто така наречени патеки за солидарност, до Украина за жито и друг извоз.
Турција се обидува да ја убеди Москва да се врати на договорот, кој беше постигнат со посредство на Анкара и Обединетите нации пред една година и кој заврши минатиот месец.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во четвртокот му рече на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш дека Русија ќе се врати на договорот само доколку Западот ги исполни своите обврски кон Москва.
Видете и ова: Турција - Нема алтернатива за првичниот договор за жито меѓу Украина и РусијаОткако истече договорот за Црното Море, околу 45 милиони тони жито, маслодајни семиња и сродни производи се извезени преку алтернативни патишта преку Полска и Романија, обезбедувајќи важен спас за Украина, рече Домбровскис.