Меѓународната вселенска станица доби нови четворица астронаути

Мисијата Crew-7 лансира со ракета Falcon 9 на SpaceX со вселенското летало на компанијата Dragon од Лансирање комплекс 39A во вселенскиот центар Кенеди во Кејп Канаверал, Флорида, на 26 август 2023 година.

Четворица астронаути од четири земји на 26 август тргнаа со вселенската капсула Space X кон Меѓународната вселенска станица. Нивната цел е да стигнат до Меѓународната вселенска станица каде што ќе треба да ги заменат астронаутите кои се тами од март годинава.

На астронаутот на НАСА му се придружија колегите од Данска, Јапонија и Русија .

Видете и ова: Индија стана четвртата земја во светот која успешно слета вселенско летало на Месечината

Друг астронаут на НАСА со вселенско летало ќе биде лансиран од станицата во Казахстан во средината на септември според договорот за размена, заедно со двајца Руси. SpaceX досега лансираше вкупно осум екипажи за НАСА.