Американскиот заменик-помошник државен секретар Габриел Ескобар вели дека не дошол во Северна Македонија за да му кажува на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски што да прави или да му диктира услови, но дека сака јасно да стави до знаење дека САД ги избираат за партнери на Балканот оние што го приближуваат регионот поблиску до Европа. Ескобар ова го изјави во тв интервју за „360 степени“.
Оваа изјава доаѓа по вчерашната среба на Ескобар со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во американската амбасада во Скопје.
„ Во врска со лидерот на опозицијата, она што, исто така, сакам да го додадам, е дека не дојдов тука за да му кажам што да прави и не дојдов тука да му диктирам услови. Но, сакав да ставам јасно до знаење дека САД ги избираат за партнери на Балканот оние што го приближуваат регионот поблиску до Европа, оние кои ја покажуваат својата посветеност на НАТО и кои ја продолжуваат борбата против корупцијата. Тоа е нашето очекување. Тоа што се случува во моментов, со можностите кои се презентирани, да се придвижи кандидатскиот статус на Северна Македонија кон Европската Унија, е дел од тој процес. Јас не барам од луѓето да ја поддржат Владата. Барам од луѓето – ве молам, работете со нас, за да го поддржиме европскиот пат. Затоа што ќе ни биде од корист и нам,“ изјави Ексобар во инетрвјуто за „360 степени“.
Видете и ова: Ескобар очекува да продолжи процесот на уставни измени, опозицијата бара избориАмериканскиот дипломат вели дека не е на САД да одредат дали брзи избори се решение, туку на граѓаните, а се надева дека тие „ја разбираат огромната можност која е пред нив и дека треба да ја искористат“.
„Се надевам и дека ќе испратат сигнал до лидерите на Северна Македонија дека го сакаат тоа и дека го сакаат тоа брзо, дека го сакаат сега,“ порачува Ескобар.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ по средбата со Ексобар во писмено соопштение посочија дека единствен излез од оваа, како што велат уисклучително тешка ситуација “ се само предвремени парламентарни избори.
ВМРО-ДПМНЕ со месеци повторува дека се против уставни измени под бугарски диктат.
„Претседателот Мицкоски потенцираше дека актуелната власт во Македонија за многу внатрешни политички прашања погрешно ја информира меѓународната заедница вклучително и САД. Уште еднаш беше афирмиран ставот на партијата дека суштинската заложба и приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е ЕУ и евроатланските вредности“, се вели во соппштението.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Ескобар верува во она што неодамна во Дубровник го слушнал од новата бугарска министерка за надворешни работи Марија Габриел, дека нема да ако Скопје го исполни тоа што е во сегашниот договор, Софија нема да има нови услови.
„Јас го сметам тоа за нејзина лична заложба и заложба во име на нејзината влада. И тоа е нашиот план. Мислам дека после ова, тоа што ќе го одреди вашиот пристапен процес, нема да бидат билатералните прашања туку затворањето на поглавјата и зближување на вашата економија со најголемата економија во светот,“ изјави Екскобар.
Доаѓањето на Ескобар во Скопје следува по започнувањето на собраниската процедура за усвојување на уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот, како услов земјава да ја одржи втората меѓувладина седница и да ги продолжи преговорите со Европската унија.
Дневниот ред на седницата во Собранието за отпочнување на процедурата за уставни измени беше усвоен со 70 гласа „за“, а по исцрпувањето на дискусијата за предлог-одлуката за пристапување кон измена на Уставот, претседателот на парламентот Талат Џафери го одложи гласањето до обезбедување двотретинско мнозинство.
Официјална Софија лани го повлече ветото на македонските евроинтеграции наметнато поради поради историски, јазичен и идентитетски спор со Скопје. Но за да почне земјава да отвора кластери во преговорите со ЕУ треба да го промени Уставот и во него да ги вклучи и Бугарите.
Ескобар во интервју за 360 степени отворено најави дека ќе има нови имиња од Македонија на црната листа на САД.
„Дозволете ми само да кажам дека оваа администрација, администрацијата на Бајден, е посветена на борбата против корупцијата. Бидејќи корупцијата толку ги нагризува општествата. Не можеме да дадеме најава на санкции, но бидете сигурни дека ќе ги има, рече Ескобар.
Тој додаде дека за целиот регион, корупцијата е огромен проблем, и е срќен што пристапниот процес кон ЕУ му дава централно место на владеењето на правото како услов за влез.