Финска ќе испрати нов воен пакет помош во Украина

Илустрација, војната во Украина

Финска на 25 август го објави 18-тиот пакет воена помош за Украина во вредност од 94 милиони на евра, со што вкупната финска помош за Киев е околу 1,3 милијарди евра .

„Поддршката на Финска и нашите сојузници за Украина останува непоколеблива“, се вели во соопштението на финската влада.

„Основното прашање во однос на идниот безбедносен поредок во Европа и во Финска е да можеме да ја спречиме руската агресија врз Украина“, изјави на 25 август финскиот министер за одбрана Анти Хаканен.

Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето ноќно видео обраќање на 25 август ги повика сојузниците на земјата да ја забрзаат испораката на ветените борбени авиони Ф-16 на силите на Киев.

Видете и ова: Руска историја на сомнителни авионски несреќи


„Нашата цел е да се приближиме до времето кога Ф-16 ќе ни помогнат да ги држиме руските терористи подалеку. Што побрзо“, рече тој.

Извештаите од Холандија, Данска и Норвешка покажуваат дека тие земји на НАТО ќе испратат одреден ( непознат за јавноста ) број авиони Ф-16 во Украина, иако датумот на пристигнување останува неизвесен.

На 24 август, Соединетите Држави соопштија дека ќе започнат со обука на украински пилоти на воени авиони Ф-16 во октомври, приклучувајќи се на западната коалиција која помага да се подготват летачите на Киев на софистицираниот борбен авион за да се приклучат во борбата против руската инвазија.