Четириесет и шестгодишен кумановец на 25 август ги убил сопругата и нејзината мајка со нож, а потоа се самоубил, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Полицијата добила пријава нешто по 14 часот денеска.
Полицајците постапувајќи по пријавата, во стан во Куманово пронашле мртви две жени, една на 40 годишната возраст и нејзината мајка. Нив со нож ги убил 46 годишниот кумановец, кој потоа се повредил самиот и скокнал од прозор.
Видете и ова: Уште една жртва на фемицид во БиХСлучајот го истражуваат јавен обвинител и екипа на кумановската полиција.
Во Македонија не постои официјална статистика за бројот на фемициди, но Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство „Глас против насилство“ избројала дека во периодот од 2001 до 2020 имало 54 такви случаи.
Случаите на фемицид го потресоа регионот, откако во Босна и Херцеговина во период од 10 дена беа убиени две жени од своите поранешни партнери.