Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој се обврзуваат паравоените трупи да се заколнат на националното знаме на Русија. Декретот доаѓа на два дена по падот на авион на платеничката група Вагнер, во кој се претпоставува дека бил и лидерот на платениците Евгениј Пригожин.
Декрет се однесува на сите членови на волонтерски формации -- термин што го користат официјални лица за да ги опишат платеничките групи, бидејќи тие официјално се забранети во земјата.
Указот доаѓа два месеци откако трупите на Вагнер предводени од Пригожин покрена краткотраен бунт против највисоките воени функционери во земјата, што беше најголемата закана за повеќе од дведецениското владеење на Путин.
Видете и ова: Лукашенко - Го предупредив Пригожин да внимаваНа борците на Вагнер по бунтот им беше даден избор да го следат Пригожин и да заминат во Белорусија или да се интегрираат во руската војска.