Белорускиот лидер Александар Лукашенко на 25 август изјави дека ги предупредил водачите на Вагнер, Евгениј Пригожин и Дмитриј Уткин да внимаваат на можните закани по нивните животи.
Претседателот на Русија Владимир Путин за време на бунтот на Пригожин пред два месеци, првично вети дека ќе го загуши бунтот, споредувајќи го со воените превирања што доведоа до револуцијата во 1917 година, но неколку часа подоцна беше склучен договор, со кој се дозволи Пригожин и некои од неговите борци да заминат во Белорусија.
Лукашенко денеска изјави дека Пригожин двапати ја отфрлил загриженоста на белорускиот лидер за можни закани по неговиот живот.
Лукашенко рече дека за време на бунтот го предупредил Пригожин дека ќе „умре“ ако продолжи да маршира кон Москва, на што рече дека Пригожин одговорил:
„По ѓаволите со тоа - Нека умрам“.
Потоа, рече Лукашенко, кога Пригожин и Уткин дошле да се видат со него, тој ги предупредил двајцата да внимаваат. Не е прецизирано кога се случила таа средба. Уткин, кој е еден од основачите на Вагнер, исто така се најде на листата на патници во авионот што се урна на 23 август.
Видете и ова: Кремљ негира вмешаност во несреќата на авионот на ПригожинЛукашенко изјави дека Путин нема никаква врска со авионската несреќа.
„Го познавам Путин: тој е пресметан, многу мирен, дури бавен. Не можам да замислам Путин да го направи тоа, дека Путин е виновен. Тоа е едноставно премногу груба и непрофесионална работа“, рече Лукашенко.
Кремљ денеска негираше вмешаност во авионската несреќа. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на прес-конференција на 25 август изјави дека се уште се спроведуваат тестови за идентификување на 10-те жртви и истрага за несреќата.
Лукашенко рече дека борците на Вагнер ќе останат во Белорусија.
„Вагер живееше, Вагнер живее и Вагнер ќе живее во Белорусија“, рече Лукашенко. „Јадрото останува тука.
„Се додека ни треба оваа единица, тие ќе живеат и работат со нас“, рече тој.