Над 1,3 милијарди евра се бараат од државата преку арбитражни постапки, соопшти на 25 август вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.
Во моментов има пет активни арбитражни постапки, а две се завршени во корист на државата, рече вицепремиерот на прес-конференција.
Тој вели дека сите постапки се за периодот пред 2017 година кога се настанати наводните прекршувања на меѓународните договори за заштита на инвестиции.
„Несовесното раководење, договорите во четири очи, негрижата за јавното добро и години на владеење на тогашното ВМРО-ДПМНЕ ја изложуваат нашата држава на ризици и парите на нашите граѓани наместо да бидат употребени за развојни проекти сега ќе треба да се користат за одбрана на државата и нејзините интереси пред меѓународните спорови“, рече Битиќи на денешната прес-конференција во Владата.
Битиќи е и претседавач на Координативното тело за арбитражни постапки.
Вицепремиерот информираше дека последната постапка која е покрената деновиве е од групацијата „Амадеус и Амадеус дивелопмент ДООЕЛ“ за случајот „Шпански скали“.
Групацијата бара да и се плати надомест од 110 милиони американски долари, рече Битиќи и додаде дека групацијата требало да гради комерцијална зграда и хотел во Скопје, а барала и изградба на скалила познати како „Шпански скали“ во центарот на градот.
Втората постапка која е покрената деновиве, посочи, е од страна на „ФЦЛ Амбиенте“, за случајот приватен партнер на депонијата Дрисла.
Во оваа постапка износот на побарувањата не е наведен од страна на побарувачот и се вели дека ќе биде утврден во текот на постапката, рече Битиќи.
Видете и ова: Како на Дрисла ѝ било дозволено да изгори илјадници килограми опасен отпад?
Процени дека двата нови спорови ќе траат најмалку две до три години и истакна дека доброто правно застапување е важно за угледот на државата зашто добиениот спор пред меѓународните судови го потврдува владеењето на правото и дава позитивен сигнал пред инвеститорите.
Тој смета дека тие кои го предизвикале или придонеле да се изгуби арбитражна постапка.
треба пред државните органи да одговараат.