Кремљ негира вмешаност во несреќата на авионот на Пригожин

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков

Кремљ негира каква било вмешаност во авионската несреќа во близина на Москва во, која се верува, дека загинал Евгениј Пригожин, шефот на платеничката група „Вагнер“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на прес-конференција на 25 август изјави дека се уште се спроведуваат тестови за идентификување на 10-те жртви и истрага за несреќата.
Вчера рускиот претседател Владимир Путин го прекрши молкот за несреќата на 23 август, зборувајќи за Пригожин во минато време, притоа упатувајќи сочувство до семејствата на загинатите.

Името на Пригожин беше на листата на патници во авионот, но се уште не е официјално потврдено дека тој бил во авионот, кој мистериозно се урна северно од Москва.

Видете и ова: Руска историја на сомнителни авионски несреќи


Британското Министерство за одбрана на 25 август соопшти дека иако сè уште нема „дефинитивен доказ“ дека Пригожин бил во авионот, многу е веројатно дека тој е мртов“.
Путин го нарече Пригожин „талентиран човек“, кој направи „сериозни грешки“, иако не ги елаборираше грешките на човекот кој само два месеци претходно водеше краткотраен бунт против руската војска и му приреди најсериозен предизвик на рускиот лидер.