Британското Министерство за одбрана соопшти дека е „голема веројатноста“ основачот на руската платеничка група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, да загинал во авионска несреќа претходно оваа недела, иако допрва треба да дојде дефинитивна потврда од руските власти кои ја истражуваат несреќата.
Рускиот претседател Владимир Путин, во своите први изјави по смртоносната несреќа во која загинаа сите 10 лица во авионот, на 24 август зборуваше за Пригожин во минато време додека им испрати сочувство на семејствата на жртвите. Името на Пригожин беше на списокот на патници на авионот.
Но, Путин не ја потврди официјалното смртта на лидерот на Вагнер, а британското Министерство за одбрана на брифингот за разузнавање на 25 август рече дека иако сè уште нема „дефинитивен доказ“ дека Пригожин бил во авионот и дека е познат по тоа што имал „исклучителни“ мерки за безбедност, „голема е веројатноста дека тој навистина е мртов“.
Видете и ова: Руска историја на сомнителни авионски несреќи„Тој [Пригожин] беше талентиран човек“, рече Путин на 24 август, но и „човек со тешка судбина [кој] направи сериозни грешки во животот“.
„Моето искрено сочувство до семејствата на сите загинати“, додаде тој.
Путин не ги прецизираше „грешките“ што ги направи човекот кој пред само два месеци водеше краткотраен бунт против руската војска и му го приреди најсериозниот предизвик на Путин во неговото повеќе од дводецениско владеење.