Хајнекен излегува од Русија со продажба на бизнисот за едно евро

Холандскиот производител на пиво Хајнекен на 25 август соопшти дека го завршил процеост на напуштање на Русија со продажба на тамошниот бизнис на руската групација Арнест за симболично цена од едно евро.

Вториот по големина производител на пиво во светот рече дека договорот ги добил сите потребни одобренија и најверојатно ќе предизвика исклучителни загуби од 300 милиони евра (324,8 милиони долари). Хајнекен ја објави својата намера да излезе од Русија во март 2022 година, по руската инвазија на Украина, признавајќи дека процесот траел подолго од очекуваното.

Многу мултинационални компании се обидоа да ја напуштат Русија откако Западот воведе невидени санкции кон Москва, но Кремљ возврати со запленување на дел од имотот.

Хајнекен имаше седум пиварници во Русија и 1.800 вработени, кои ќе добијат гаранции за вработување во следните три години.

Холандскиот производител на пиво го отстрани својот бренд Хајнекен од Русија минатата година и производството на Амстел треба постепено да се прекине во рок од шест месеци.

Видете и ова: Мајкрософт нема да им ги продолжи лиценците на руските фирми


Хајнекен рече дека договорот, без опција за откупување на бизнисот, вклучува тригодишна лиценца за некои помали регионални брендови, за кои Хајнекен нема да обезбеди поддршка за брендот или да добие никакви приходи.

Арнест Груп поседува голем бизнис за пакување лименки и е најголемиот руски производител на аеросоли, како и продажба на козметика и производи за домаќинството.

Хајнекен рече дека трансакцијата ќе има незначително влијание врз нејзината перспектива за целата година.