Украина не е вмешана во наводната смрт на шефот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин, изјави претседателот Володимир Зеленски.
„Ние не сме вмешани во оваа ситуација, тоа е сигурно. Мислам дека на сите им е јасно кој е вклучен“, им рече Зеленски на новинарите во Киев.
Оваа изјава на Зеленски доаѓа на 24 август, еден ден откако приватен авион во кој Пригожин беше регистриран на списокот на патници, се урна меѓу Москва и Санкт Петербург.
Видете и ова: Евгениј Пригожин, водач на платеници чиј бунт беше „нож во грб“ за Путин, се претпоставува дека загина во пад на авионИстражителите ги истражуваат остатоците од приватниот авион на групацијата Вагнер од раните утрински часови на 24 август.
Авионот на Пригожин, летал од Москва за Санкт Петербург со седум патници и тројца членови на екипажот, соопшти руската воздухопловна управа Росавијација.
Ембраер, бразилската компанија која го дизајнираше авионот, вели дека нејзината служба за поддршка на авионот е суспендирана од 2019 година, во согласност со санкциите против Русија.
Во соопштението, компанијата Ембраер вели дека „свесни сме за несреќата што се случи со Легаси 600 во Русија“, но нема дополнителни информации за случајот.
„Компанијата се придржуваше и продолжува да се придржува кон меѓународните санкции наметнати на Русија“, велат од таму.
Видете и ова: Пригожин - Од “готвачот на Путин“ до бунтовен платеникДоколку се утврди дека Пригожин загинал во авионската несреќа, тоа би било голем удар за групата Вагнер, која беше клучна во битката на Русија за заземање на украинскиот град Бахмут на почетокот на оваа година.
Шефот на озлогласената платеничка група Вагнер, кој стана клучна фигура во руската војна против Украина, пред да организира бунт што го потресе Кремљ и ги донесе бунтовничките борци до прагот на Москва, се верува дека загинал во авионска несреќа северно од Москва.