Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека го зачудува ставот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека светот и Европа се свртеле против партијата во однос на уставните измени, потенцирајќи дека тоа го потсетува на претходниот прв човек на опозициската партија, Никола Груевски.
Пласирањето на тези дека постои светска завера, смета премиерот, во ниту еден случај не им оди во прилог на граѓаните ниту на државата, освен на политичка кариера на тој што го кажува.
„Такво нешто слушавме и во минатото. Се подгреваа чувствата на граѓаните на таков начин, цело време беа плашени граѓаните дека постои некаков супер непријател кон нас Македонците, меѓутоа ние после тоа се уверивме дека тоа не е така. Северна Македонија стана членка на НАТО, сите гледаме колку е значајно што сме земја членка на НАТО во време кога се води воен конфликт во Европа“, рече Ковачевски.
Ковачевски нагласува дека неносењето одлуки единствено може да не остави во чекалната, за што и сами кажаа дека биле подготвени да чекаат.
Видете и ова: Ескобар се надева на продуктивни разговори во Скопје особено поврзани со идната интеграција во ЕУСтавот на Ковачевски доаѓа по завчерашната изјава на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој рече дека „Европа, светот прави стратегија како да го скрши ВМРО-ДПМНЕ и овие 44 пратеници да изгласаат предавнички уставни измени во Парламентот скроени по бугарски диктат“.
Денеска, на 24 август, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ повтори дека власта коленичи пред светот и бара притисок врз неговата партијата, но, како што вели, тоа нема да им успее.
Видете и ова: Мицкоски се жали на притисоци, Ескобар доаѓа во Скопје, а власта во кампања “Ние сме Европа“Изјавите и на Ковачевски и на Мицкоски доаѓаат во пресрет на дводневната посета на земјава на заменик-помошникот државен секретар на Соединетите Американски Држави, Габриел Ескобар, со кого ќе се сретнат утре.
За Мицкоски, важно е секој кој доаѓа во државата да има добра намера.
„Кога зборувам за добрата намера, зборувам за аргументите кои што очекуваме да ги слушнеме, а очекуваме другата страна да ги слушне и нашите аргументи. Она што е важно и што треба секој да го знае е дека Владата на ДУИ и СДСМ го изгуби кредибилитетот и таа е единствената пречка за интеграција на Македонија во ЕУ. Колку побргу ова го сфатат, толку побргу ќе се придвижат работите напред. Брзи парламентарни избори се единственото решение ако сакаме да се движиме напред. Се останато е дополнително тапкање во место“, вели Мицкоски.
Со Ескобар, утре средба ќе има и премиерот Ковачевски.
„Јас ќе имам разговор со него. Тој е исклучително информиран човек во однос на случувањата и на билатерално и на регионално ниво и ќе разговараме токму за национални, билатерални и регионални прашања од интерес на Северна Македонија“, посочи Ковачевски.
Видете и ова: Американскиот висок дипломат Ескобар доаѓа во СкопјеГабриел Ескобар денеска во Скопје ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски.
Американскиот висок дипломат доаѓа во посета на земјата, по една недела откако во Собранието, започна процедурата за уставни измени, со кои меѓудругото во Уставот ќе треба да се внесат и Бугарите.