Француска влада: „Оправдани сомнежи“ за причината за падот на авионот на Пригожин

Евгениј Пригожин, шефот на озлогласената платеничка група Вагнер

Франција на 24 август, објави дека постојат „оправдани сомнежи“ за причината за авионската несреќа во која најверојатно загинал Евгениј Пригожин, шефот на руската паравоена група Вагнер.

„Сè уште не ги знаеме околностите на оваа несреќа. Можеме да имаме некои разумни сомневања“, изјави владиниот портпарол Оливие Веран за телевизијата Франс 2.

„Пригожин беше човек кој ја вршеше валканата работа на Путин. Тоа што тој го направи беше неразделно од политиката на Путин, кој му даде одговорност да врши злоупотреби како шеф на Вагнер. „Пригожин остави зад себе масовни гробници. Тој остави немири во голем дел од земјината топка, мислам на Африка, Украина и самата Русија“, рече Веран.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Пригожин - Од “готвачот на Путин“ до бунтовен платеник

Американскиот претседател, Џо Бајден, бил информиран за авионската несреќа во Русија, во која на 23 август, како што беше потврдено неколку часа по падот, загина Евгениј Пригожин, шефот на руската паравоена групација Вагнер.

Пред оваа потврда, Џо Бајден им изјави на новинарите дека не е изненаден од оваа вест.

„Не знам точно што се случило, но, не сум изненаден“, рече Бајден.

Видете и ова: Слики покажуваат дека кампот на Вагнер во Белорусија е демонтиран по смртта на Пригожин

Евгениј Пригожин, шефот на озлогласената платеничка група Вагнер, кој стана клучна фигура во руската војна против Украина, пред да организира бунт што го потресе Кремљ и ги донесе бунтовничките борци до прагот на Москва, се верува дека загинал во авионска несреќа северно од Москва.

Официјалните лица не коментираа каква било можна причина за несреќата.