Сликите од сервисот „Планет лабс“ до кои дојде Радио Слободна Европа покажуваат дека осомничениот шаторски логор на руската платеничка група „Вагнер“ во источна Белорусија се демонтира еден ден откако беше потврдена смртта на основачот и лидер на „Вагнер“, Евгениј Пригижин.
Во последните денови Вагнер објави видео од како што беше наведено „изградбата на неговиот утврден камп во шума“. Рововите во видеото беа прикажани опремени со грејни уреди за зимска употреба. Не беше можно да се потврди точната локација на која е снимено видеото.
Минатиот месец, Пригожин, основачот и водачот на „Вагнер“, се чини дека е во Белорусија на видео во кое ги поздравува неговите борци и вели дека тие ќе помогнат да се претвори армијата на земјата во втора најдобра во светот.
Видете и ова: Евгениј Пригожин, водач на платеници чиј бунт беше „нож во грб“ за Путин, се претпоставува дека загина во пад на авионСудбината на Пригожин и неговите војници е нејасна по краткотрајниот бунт на 23-24 јуни, најголемата закана за 23-годишната власт на рускиот претседател Владимир Путин.
Авторитарниот владетел на Белорусија и близок сојузник на Путин, Аљаксандар Лукашенко, беше вклучен во разговорите за ставање крај на бунтот со договор со Пригожин и Путин.
Оттогаш Пригожин е забележан во Русија и е осомничен дека се движи меѓу двете земји.
Војниците на Вагнер одиграа клучна улога во руската инвазија на Украина, помагајќи да се заземат главните делови од градот Бахмут по речиси 10 месеци интензивни борби. Пригожин изјави дека изгубил 20.000 мажи за време на операцијата Бахмут.
Според веб-страницата на Единствениот државен регистар на компании и индивидуални претприемачи на Белорусија, Вагнер е официјално регистриран на 4 август како друштво со ограничена одговорност вклучена во „образовни активности“ со седиште во Цел. Се верува дека селото е местото каде што се населиле војниците со четата на Евгениј Пригожин по прекинатиот бунт на Вагнер во Русија на 23-24 јуни.
Минатиот месец властите во регионот Махиљу регистрираа компанија за менаџмент и консалтинг Конкорд, чии активности се поврзани со управувањето со недвижности и која е во сопственост на компанија со исто име како друга во сопственост на Пригожин, основачот и лидер на Вагнер.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Евгениј Пригожин, шефот на озлогласената платеничка група Вагнер, кој стана клучна фигура во руската војна против Украина, пред да организира бунт што го потресе Кремљ и ги донесе бунтовничките борци до прагот на Москва, се верува дека загинал во авионска несреќа северно од Москва.
Приватен авион на Вагнер кој превезувал 10 луѓе се урна на 23 август, соопшти руското Министерство за вонредни состојби.