Групата БРИКС на Самитот во Јоханесбург покани шест земји да се приклучат. Поканата е упатена до Аргентина, Египет, Иран, Етиопија, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати да станат нови членки на блокот, изјави на 24 август, јужноафриканскиот претседател Кирил Рамафоса.
Премиерот на Индија рече дека неговата земја ќе придонесе за градење консензус со другите земји кои изразиле желба да се приклучат.
Претседателот на Кина, Кси Џимпинг пак, рече дека проширувањето на БРИКС и дава нова сила на соработката.
Ова проширување ја одразува определбата на БРИКС за единство и соработка, рече Кси на Самитот на лидерите на групата во Јоханесбург.
БРИКС е групација на светските економии на Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, создадена со додавањето на Јужна Африка во 2010 година.
Членовите на БРИКС во моментов претставуваат повеќе од 40 отсто од светското население.
Јужна Африка, како домаќин на Самитот, се соочи со дилема бидејќи е член и на Меѓународниот кривичен суд, поради што треба да го уапси Путин врз основа на обвинувањата против него за воени злосторства во Украина.
Видете и ова: Путин на самитот на БРИКС за договорот за жито, храна за Африка, санкциите...