Индија влезе во историјата како четвра земја чие вселенско летало слета на Месечината. Станува збор за слетување во близина на јужниот пол на Месечината, непозната територија за која научниците веруваат дека може да содржи витални резерви на замрзната вода и скапоцени елементи. Индија со овој потег ја зацврстува својата растечка моќ во вселената и технологијата.
Вселенското летало на Индија ја допре површината на Месечината во 6:04 часот по локално време, предизвикувајќи овации и аплаузи меѓу вселенските научници кои набљудуваа во јужниот индиски град Бенгалуру.
По неуспешниот обид пред речиси четири години, Индија влезе во историјата со тоа што стана првата земја што го допре малку истражениот регион на јужниот пол и им се придружи на САД, Советскиот Сојуз и Кина во достигнувањата за успешно слетување на Месечината.
Видете и ова: Руското вселенско летало Луна 25 се урна на МесечинатаУспешното слетување на Индија доаѓа само неколку дена откако руското вселенско летало Луна-25, кое цели кон истиот лунарен регион, се сврти во неконтролирана орбита и се урна. Тоа се очекуваше да биде првото успешно руско слетување на Месечината по празнина од 47 години, односно по последната советска мисија на Месечината во 1976 година.