Заменик-помошникот државен секретар на Соединетите Американски Држави (САД), на 24 и 25 август ќе престојува во посета на Скопје и ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, потврдија за МИА од кабинетот на шефот на државата. Предвидено е да има средба и со премиерот Димитар Ковачевски, како и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Американскиот висок дипломат доаѓа во посета на земјата, по една недела откако во Собранието, започна процедурата за уставни измени, со кои меѓудругото во Уставот ќе треба да се внесат и Бугарите.
Измените се потребни за да продолжи евроинтегративниот процес на Северна Македонија. На седницата во петокот се дебатираше за иницијативата дали да се менува Уставот, но по дебатата немаше гласање, тоа е оставено за тогаш кога ќе се обезбеди двотретинско мнозинство. За да се усвои потребата од измени на Уставот треба да гласаат 80 пратеници, односно дветретини од вкупно 120-те парламентарци.
Видете и ова: Стејт департментот ги охрабрува Скопје и Софија да продолжат со дијалоготВласта тврди дека има поддршка од 72 пратеници и дека и требаат уште осум за двотретинско мнозинство. Но на гласање на 18 август за утврдување на дневен ред на седницата, гласаа 70 пратеници. Потоа премиерот објаснуваше дека еден од пратениците бил отсутен, а еден имал проблеми со „копчето“ за гласање.
Во јули, Ескобар во дебата за Западен Балкан пред Поткомитетот за надворешна политика на Конгресот на САД изјави дека САД го поддржуваат процесот за уставни измени што ќе го овозможи пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ. Тој рече дека се ангажирани и со новата Влада на Бугарија за да се осигура дека нема да поставува нови барања.
Видете и ова: Агелер: Напредокот и безбедноста на државата се во ЕУВчера американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер, прашана за нејзин став во однос на процесот за уставни измени посочи дека не е нејзино да зборува за тоа, но дека граѓаните треба да им дадат до знаење на политичарите дека тие сакаат да бидат дел од ЕУ.