На денешната владина седница беше изгласана одлуката за основање на Студентскиот дом во Тетово, информираше денеска, 22 август 2023, министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Тој додава дека целата работа била заокружена од Министерството за образование и наука, по што владата ја донела денешната одлука со која процесот на основање на овој студентски дом е комплетирана.
Инаку, токму министерот Шаќири на почетокот од месецов објави дека во октомври студентскиот дом во Тетово ќе биде достапен за прием на студенти. Државниот студентски дом во Тетово не беше на првичниот список на Конкурсот за прием на студентите во студентските домови за учебната 2023/24 година. Тогаш од Министерството за образование одговорија дека приемот во новиот студентски дом во Тетово ќе се врши под еден услов, односно само ако домот обезбеди услови за работа до 1 октомври.
Според конкурсот, во овој студентски дом предвидено е сместување на 300 студенти, од кои 60 од прва и 240 од втора година. Изградбата на студентскиот дом во Тетово се ветува уште од 2016 година.