Околу 500 деца умреле од глад во Судан од почетокот на конфликтот во таа земја во април, соопшти меѓународната организација „Спасете ги децата“. Во соопштението се наведува дека организацијата била принудена да затвори 57 свои центри во Судан и дека сега најмалку 31.000 деца немаат пристап до третман за неухранетост и болести поврзани со него.
Од мај до јули оваа година, најмалку 316 деца, претежно помлади од пет години, починале од неухранетост и слични болести во провинцијата Бел Нил. Повеќе од 2.400 деца се примени во болниците во последните осум месеци со тешка форма на акутна неухранетост, најсмртоносната форма на болеста. Повеќе од 20 деца умреа од глад во државен сиропиталиште во Картум во првите шест недели од конфликтот.
Видете и ова: Во Судан нови борби по завршувањето на примирјетоХуманитарна организација предупреди дека резервите на храна за лекување на неухранетост се критично ниски во Судан. Конфликтот меѓу армијата и паравоените сили во Судан ескалира на 15 април. Затоа, многу Суданци живеат без вода и струја, а здравствениот систем на земјата е речиси нефункционален.