Лидерите на неколку балкански земји учествуваат на денешната неформална вечера во Атина со гости од Европската Унија по повод 20-годишнината од усвојувањето на солунската Декларација
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис приредува неформална вечера за највисоките функционери од девет балкански земји, како и за претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и шефот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
Кабинетот на Мицотакис соопшти дека на вечерата ќе присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, по разговорите со грчкиот премиер. Зеленски, исто така, треба да има разговори со шефицата на грчката претседателка, Катерина Сакеларопулу.
Видете и ова: „Солунската декларација“ - што донесе по две децении?Зеленски беше во Данска претходно денеска, каде што им се заблагодари на данските пратеници што и помогнаа на неговата земја да се спротивстави на руската инвазија, еден ден откако Данска и Холандија објавија дека ќе и дадат на Украина борбени авиони Ф-16.
Атинската вечера е организирана на 20-годишнината од самитот меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан во северниот грчки град Солун, со кој балканските држави се обидоа да се приклучат на европскиот блок.
Присуството на оваа неформална вечера претходно го потврдиле македонскиот премиер Димитар Ковачевски, српскиот претседател Александар Вучиќ, црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ и косовскиот премиер Албин Курти, премиерот на Бугарија Николај Денков, на Хрватска Андреј Пленковиќ и на Романија Јон-Марсел Чиолаку.
На средбата нема да има претставници на Албанија, во услови кога се влошени меѓу соседските односи со Грција откако албанските власти го приведоа новоизбраниот градоначалник на Химара, Фреди Белери кој е со грчко етничко потекло.