Зеленски во посета на Холандија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски отпатува за Холандија за да се сретне со премиерот Марк Руте. Ова е втора ненајавена посета на Зеленски, овој викенд по престојот во Шведска. Главната цел на патувањето е да се обезбедат повеќе борбени авиони Ф-16 за „заштита на (украинскиот) народ од рускиот терор“, напиша Зеленски на Телеграм на 20 август. „Ние стануваме посилни“, нагласи тој.

Зеленски додава дека разговорите ќе се фокусираат и на мировниот самит и на изведувањето на „терористичката држава пред лицето на правдата“, рече Зеленски, кој патува во придружба на сопругата.

Холандскиот лидер Руте, живее во Хаг, пристанишен град, во кој се наоѓа Меѓународниот кривичен суд. Судот издаде налози за апсење на рускиот претседател Владимир Путин за воени злосторства во неговата целосна инвазија на Украина.
Зеленски во Холандија, дојде по посетата на Шведска, каде што договори понатамошна воена соработка со премиерот Улф Кристерсон.

Зеленски со шведскиот премиер Улф Кристерсон, Шведска, 19 август 2023 годинa


Украинскиот претседател во неделата најави дека ќе разговара и со другите земји кои ја поддржуваат Украина за да се обезбеди опрема што и потреба на земјата да победи во војната.

Видете и ова: Зеленски во посета на Шведска

Покрај Холандија и Данска ѝ понуди на Украина најсовремени борбени авиони Ф-16 од американско производство. Данската премиерка Мете Фредериксен најави дека ќе ја посети воздушната база Скридструп на југ на Данска во недела попладне, заедно со највисоките функционери, да ги проверат авионите Ф-16 стационирани таму.

Данска и Холандија ова лето формираа коалиција во рамките на НАТО за да ги обучуваат украинските пилоти да користат Ф-16, кои Украина долго време ги бара од своите западни сојузници. Белгија и Норвешка исто така се сметаат за можни добавувачи на американските авиони.