Карзаи до талибанците - Пуштете ги девојчињата на училиште

Поранешниот авганистански претседател Хамид Карзаи

На Денот на независноста на Авганистан, поранешниот авганистански претседател Хамид Карзаи ги повика владејачките талибанци да ги пуштат девојчињата на училиште и на универзитет.

Карзаи во честитката, рече дека Авганистанците треба да ги образуваат сите нивни деца, и момчиња и девојчиња.

Талибанските лидери, исто така, ја одбележаа 104-годишнината од независноста на Авганистан од Велика Британија во официјална изјава во која се вели дека се посветени на нивните верски и културни вредности и нема да дозволат никој да се меша во нивното владеење.

Видете и ова: Зошто Талибанците не дозволуваат жените да се образуваат, иако исламот тоа не го забранува?

Откако се вратија на власт, во 2021, талибанците повторно воведоа строги политики од доцните 1990-ти, кои сериозно ги ограничуваат правата на жените и девојчињата.