Најмалку седум лица загинаа, меѓу кои и дете, а 117 се ранети во руски напад врз центарот на северниот украински град Чернихив на 19 август, соопшти украинското Министерство за внатрешни работи.
„Луѓето оделе во црква по повод празникот кога се случил нападот“, соопштуваат од Министерството и додаваат дека меѓу загинатите има и шестгодишно девојче, а повредени се 12 деца.
Претседателот на Украина Володимир Зеленски го нарече нападот „ден на болка и загуба“ предизвикана од „терористичка држава“.
„Веројатно е балистичка ракета“, соопшти регионалниот гувернер Вјачеслав Чаус на Телеграм.
„Денес, руска ракета го погоди срцето на Чернихив. Плоштадот, универзитетот и театарот“, напиша претседателот Володимир Зеленски на социјалната мреча X, поранешен Твитер, каде што објави и видео од наводното место на нападот.
„Русија, обичната сабота ја претвори во ден на болка и загуба. Има жртви“, рече Зеленски, кој е во посета на Шведска.
Видете и ова: Русија ја напаѓа Украина со дронови, Москва вели дека нападот на Крим е одбиенРуската војска редовно ги бомбардира украинските градови и села, кои се на дострел на нивната артилерија, ракетни системи и беспилотни летала. И покрај бројните докази за тоа, Москва негира напади врз цивилни цели, тврдејќи дека напаѓа само воена инфраструктура.