Протести против насилството се одржаа на 18 август во повеќе градови во Србија, меѓу кои Нови Сад, Ниш, Зрењанин, Чачак, Горњи Милановац и Јагодина.
Фокусот е на почетокот на новата учебна година откако претходната заврши порано поради трагедијата во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ кога во масовно пукање беа убиени десет лица.
Во Нови Сад протест посветен на безбедноста на училиштата. Организаторите укажаа на состојбата во образовниот систем и го поставија прашањето во каква состојба ќе бидат примени учениците и како ќе се постапува со нив.
Видете и ова: Дванаесетти протест „Србија против насилството“, марш до зградата на РТСУчесниците на протестот носеа транспаренти на кои пишуваше: „Училиште без насилство“, „Просветни работници и психолози, а не полицајци“, „Поддршка, не репресија“ и „Сметајте на нас“.
„Не знаеме дали да купиме книги за деца или панцири и шлемови“, им порача воспитувачката Марија Васиќ на собраните пред споменикот на Јован Јовановиќ Змај на истоимената улица во центарот на градот.
Просветните работници во пресрет на почетокот на учебната година излегоа со барања до извршната власт, меѓу кои едно од главните барања е поголем број психолози, педагози и стручни соработници во училиштата.