Соединетите Американски Држави ќе им овозвоможи продолжување на привремениот престој на Украинците кои најдоа засолниште во таа земја по руската инвазија.
Според новата одлука, 166.700 Украинци ќе можат да аплицираат за привремен заштитен статус во САД, додека 26.000 во моментов го имаат тој статус, објавија американските власти.
Украинците кои ги исполнуваат условите за привремен престој имаат право на работна дозвола во САД.
„Руската воена инвазија на Украина и хуманитарната криза која произлезе ја тераат САД да продолжи да обезбедува сигурност и безбедност на Украинците кои можеби нема да можат да се вратат во својата земја“, изјави американскиот секретар за внатрешна безбедност Алехандро Мајорка.
Првично беше планирано привремениот статус на Украинците да истече на 19 октомври 2023 година, но тој е продолжен за 18 месеци - до 19 април 2025 година.
Видете и ова: Украинскиот Шахтјор Доњецк домашните натпревари од ЛШ ќе ги игра во ГерманијаСпоред Обединетите нации (ОН), 9.444 цивили загинале во Украина од почетокот на руската инвазија, вклучително и повеќе од 500 деца, додека милиони беа принудени да ја напуштат Украина.
Како што пренесува новинската агенција Асошиетет Прес, американската администрација го проширува статусот на привремено заштитени лица на луѓе од се поголем број земји, вклучувајќи ги Камерун, Хаити и Венецуела.