Првиот брод што го користеше привремениот коридор до и од пристаништата на Украина, влезе во турскиот проток кој ги поврзува Мраморното и Црното Море, Босфор, на 18 август, објави државната новинска агенција Анадолу.
Контејнерскиот брод под знамето на Хонг Конг, управуван од германска фирма, го напушти украинскиот дел на Црното Море вечерта на 16 август, неколку часа по напуштањето на јужното пристаниште Одеса.
Бродот беше заглавен таму од целосната инвазија на Русија на Украина пред 18 месеци.
Украина минатата недела објави „хуманитарен коридор“ во Црното Море за ослободување на товарните бродови кои се заробени во нејзините пристаништа по раскинувањето на главниот договор за извоз на жито минатиот месец.
Москва не посочи дали ќе го почитува бродскиот коридор, сошто се создава загриженост за безбедноста при бродскиот транспорт.
Украина соопшти дека коридорот првенствено ќе се користи за евакуација на бродови кои беа заглавени во украинските пристаништа.
Локалните медиуми соопштија дека бродот ќе се закотви во пристаништето Амбарли на југот на Истанбул.