Македонскиот Устав како највисок правен акт на државата е донесен на 17 ноември 1991 година и досега има претрпено 8 измени со 36 амандмани.
Денеска во собраниска процедура влегува предлогот на Владата за нова деветта измена на Уставот, со која се предвидува во Преамбулата да се внесат и бугарскиот, хрватскиот, црногорскиот, словенечкиот, еврејскиот и египќанскиот народ.
Првата измена е направена во 1992 година, а последната во 2019 година.
- Првите измени на Уставот се усвоени на 6 јануари 1992 година со амандмани со кои се утврдува дека државата нема територијални претензии кон соседните држави и нема да се меша во суверените права и внатрешните работи на други држави.
- На 16 ноември 2001 година се усвоени амандмани донесени како обврска од Охридскиот рамковен договор. При тоа е аменета е Преамбулата на Уставот која е напишана во еден став.
- На 26 декември 2003 година се направени измени со кои уредува отстапување од неповредливоста на тајноста на сите други облици на комуникација, а не само на писмата.
- На 7 декември 2005 година се усвоени измени со амандамни за промена на организацијата на судскиот систем, изборот на судии и јавни обвинители, а е укинат и имунитетот на министрите.
- Собранието на 9 јануари 2009 усвои измени со кои се утрврди цензусот за избор на претседателот на Републиката во вториот изборен круг.
- На 12 април 2011 година се направени измени кои се однесуваат на неможноста на одземање на државјанството на државјанин на Република Македонија, односно на неможноста истиот да биде протеран од државата.
- Последните уставни измени беа направени на 11 јануари 2019 година кога се менува името на државата од „Република Македонија“ во „Република Северна Македонија“, се прават промени во Преамбулата, се гарантира суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави и грижата за дијаспората.