На денешната средба со амбасадорката на САД во Северна Македонија, Анџела Агелер, разговаравме за поддршката од нашиот стратешки партнер САД за европскиот пат на земјата и следните чекори, која е постојана и силна, напиша на Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски по средбата со американската амбасадорка во Скопје, пред утрешната пленарна седница на Собранието за уставните измени.
„Пред нас се храбри и тешки одлуки, сите 120 пратеници треба да покажат државничко однесување, да бидат на ниво на задачата и да донесат одлука со која ќе се овозможи подобра иднина, за идните генерации, за нас, за нашите деца. ЕУ е нашата единствена алтернатива“, напиша Ковачевски.
Видете и ова: Уставни измени со црвени линииСАД во повеќе наврати дадоа поддршка и охрабрување за измените на Уставот како дел од евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија.
Утре на пленарна седница, Собранието ја почнува дискусијата за уставните измени со кои се предвидува внесување на Бугарите во уставот, дел од евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија. Власта се уште нема двотретинско мнозинство за овие измени, бидејќи опозивцијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, вели дека „измени под бугарски диктат нема да има“.