Осумдесет пратеници се потребни за глас за европска Северна Македонија. На Владата ѝ се потребни 61 пратеник за да може полноправно да одлучува и да работи до изборот на следна влада. Двотретиснкото мнозинство во Собранието за овие уставни измени е императив за секој граѓанин во државата.
Ова денеска, 17 август, го изјави премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање зошто смета дека избори не се решение, а нема двотретинско мнозинство за усвојување на уставните измени.
„Вие гледате дека една од клучните теми се животниот стандард, социјалната заштита владеењето на демократијата. Тоа се трите елемнти според кои што ЕУ е најдобра во свет, на ниво на САД и ние како држава се стремиме да ги исполниме тие стандарди. Затоа кога ќе кажеме двотертинско мнозинство или 80 пратеници тие не се потребни за Владата, тие се потребни за граѓаните на оваа држава“, изјави премиерот Ковачевски.
Видете и ова: Уставни измени со црвени линииУтре на пленарна седница, Собранието ја почнува дискусијата за уставните измени со кои се предвидува внесување на Бугарите во уставот, дел од евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија. Власта се уште нема двотретинско мнозинство за овие измени, бидејќи опозивцијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, вели дека „измени под бугарски диктат нема да има“.
Денска се огласија и партиите на албанците од опозицијата Беса, Алтернатива и Демкратско движење. Тие побараа од Собранието, на утрешната пленарна седница за уставните измени, да се стави и амандман за, како што рекоа, за албанскиот јазик во ускатвот, и да се „укине одредницата 20%“.
Претходно, опозициската ВМРО-ДПМНЕ го повтори ставот дека нема да гласаат за уставни измени „под бугарски диктат“, а шефот на нивната пратеничка група, Никола Мицевски, вчера изјави дека нивните пратеници немаат притисоци за уставните измени.
И Демократскиот сојуз (ДС) на Павле Трајанов денеска излезе со предлог до Собранието. Од ДС побараа утре пратениците да се самораспуштат за да се создадат услови за парламентарни избори.