Ако денеска нема средба со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска и ако нема плата, утре во Скопје нема да има автобуси во градскиот превоз, предупредија денеска од Синдикатот на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП). Синдикалците велат дека иако поминал законскиот рок, тие уште немаат добиено плата за јули.
„Пред Град Скопје сме и чекаме средба со градоначалничката Данела Арсовска. Продолжува нередовната исплата на плати, а ние секојдневно си ги извршуваме работните задачи. Ако до крај на денот не ни биде исплатена плата, утре автобуси нема да има исто како лани во октомври“, изјавил за МИА, Миќо Стојановски, претседател на еден од трите репрезентативни синдикати на ЈСП.
Видете и ова: Арсовска градоначалник „За модерно Скопје“ или „Скопје што потона“Ова е втор пат во мандатот на Арсовска вработените на ЈСП да штрајкуваат бидејќи претпријатието нема пари за плати. Лани во октомври главниот град за прв пат во историјата остана без јавен превоз откако шоферите излегоа на штрајк и престанаа да возат оти исто така не им беше исплатена плата.
Во Скопје пола година немаше редовен јавен превоз и поради тоа што не возеа приватните превозни кои се скараа со Арсовска бидејќи и на нив не им исплаќаше пари.
Градоначалничката Данела Арсовска дојде на функција со ветување за бесплатен превоз за сите граѓани и набавка на нови 250 еколошки автобуси.