Тренчевска - до крајот на годината да се најде решение за минимлната пензија

Министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

До крајот на годината очекувам да се изнајде решение за дефинирање на мининамланата пензија, преку дијалог во работната група во која ќе има номинирано претставници од Министерството за труд и социјална политика, Здружението на пензионери и од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, изјави Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на 16 јули.

Тренчевска најави дека на следната седница на Владата ќе ја достави информацијата во однос на формирањето на работната група, која треба да ја продолжи дебата по прашањето за минималната пензија, односно закон или измени на Законот за пензиско.

„Очекувам дека низ дијалог до крајот на годината ќе најдеме соодветно решение секако следејќи ги примерите на останатите земји, соодветно решение како да ја дефинираме минималната пензија во државата, а којашто ќе биде над она што значи праг на сиромаштија утврдена од страна од Светска Банка, изјави на новинарско прашање министерката Тренчевска по посетата на Центарот за дневен престој на стари лица во општината Чаир.

Видете и ова: Пензионерите протестираат: Со 6% покачување тивко не убивате

Таа најави дека се очекува ново покачување на пензиите, согласно новата методологија во 2022 година согласно трошоците за живот и порастот на просечната плата, минималната пензија за септември ќе изнесува над 13.300 денари.

Изминативе денови пензионерите протестираа во своите градови изразувајќи незадоволство од процентуалното зголемување на пензиите. Последниот беше во главниот град Скопје каде пред Седиштето на здруженија на пензионери во Скопје.

„Нашите пензии да им ги дадеме на функционерите да живеат барем два- три месеци, а тие да ни ги дадат нивните плати на нас, па нека живеат со нив, нека видат“, беа дел од пораките на протесто.