Литванската влада денеска одлучи да затвори два од шесте гранични премини со Белорусија, поради „геополитички околности“ кои настанаа откако Белорусија ги прифати членовите на руската платеничка група Вагнер.
Од 19 август ќе бидат затворени два гранични премини кои не се користеа за комерцијални возила, соопшти Литванија, пренесува Ројтерс.
Соседна Полска годинава ги затвори сите гранични премини кон Белорусија, освен еден поради апсењето на новинари од полско потекло и протерувањето на полските дипломати.
Полско-белорускиот известувач Анджеј Поцобут беше осуден на осум години затвор за критичко известување за промосковскиот режим во Минск.
Видете и ова: Најголема воена парада до сега во Полска, во пресрет на избориПолска минатата недела објави дека планира да распореди дополнителни 10.000 војници на границата со Белорусија за да им се придружат на веќе распоредените војници.
Во Полска веќе подолго време расте загриженоста за активностите на платеничката група „Вагнер“ во Белорусија и се поголемиот број мигранти од кризните подрачја кои сакаат илегално да влезат во Европската унија преку соседната земја.
Полска минатата година ја обезбеди со висока ограда 418 километри долгата граница со Белорусија, а во октомври, истовремено со парламентарните избори, ќе одржат референдум дали таа треба да се зачува.