Најголемата полска воена парада од Студената војна се одржа во вторникот во Варшава, додека земјата-членка на НАТО ги истакнува своите воени капациети во она што владата се надева дека ќе биде и порака до Москва и до гласачите пред изборите во октомври.
Руската инвазија на Украина го направи зајакнувањето на вооружените сили приоритет за полските владејачки националисти Право и правда (ПиС), а со изборната кампања во полн замав, ваквиот приказ на воениот капацитет им дава шанса да ги истакнат нивните „воени мускули“.
На парадата за Денот на вооружените сили, која се одржува на 103-годишнината од победата на Полска над Советскиот Сојуз во битката кај Варшава, 2.000 војници од Полска и други земји на НАТО маршираа низ главниот град придружени со 200 парчиња воена опрема и 92 авиони.
Видете и ова: Полска испраќа 10 000 војници на границата со Белорусија„15 август не е само можност да им оддадеме почит на хероите од победничката битка кај Варшава и да им се заблагодариме на современите војници што ја бранеа нашата татковина.Исто така е совршен ден да ја покажеме нашата сила, да покажеме дека изградивме моќни вооружени сили кои ефикасно ќе ги бранат нашите граници без двоумење“,им рече министерот за одбрана Мариуш Блашчак на војниците и на присутните кои се собраа во близина на реката Висла.
Владејачката партија ПиС, кој е на власт од 2015 година, вети дека ќе ја удвои големината на армијата и ќе потроши околу 4 отсто од бруто домашниот производ (БДП) за одбрана оваа година.