Воениот водач на Мали, Асими Гоита, на 15 август изјави дека телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за состојбата во Нигер, каде хунтата ја презеде власта со државен удар минатиот месец, пренесува новинската агенција Ројтерс.
„Путин ја истакна важноста од мирно решавање на ситуацијата за постабилен Сахел“, изјави Гоита на платформата за социјалната мрежа „Х“, порано позната како Твитер.
Западните сили стравуваат дека Нигер би можел да тргне на ист начин како и соседниот Мали, чии лидери најмиле платеници од руската група „Вагнер“ за да им помогнат во борбата против бунтовниците откако ја соборија демократската влада пред три години и ги исфрлија француските војници.
Видете и ова: Воената хунта во Нигер именуваше владаПутин повика на враќање на уставниот поредок во Нигер, додека шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин го поздрави пучот.
Се чини дека во Нигер се зголемува поддршката за Русија по државниот удар на 26 јули, при што поддржувачите на хунтата вееја руски знамиња на неколку митинзи.