Кипарските власти извлекоа 60 мигранти во спасувачка операција во текот на ноќта, откако нивниот брод се соочил со потешкотии во близина на југоисточниот брег на медитеранскиот остров, соопштија официјални лица.
Заедничкиот координативен центар за спасување, утрово соопшти дека операцијата за спасување била успешно завршена, при што 54 мажи, три жени и три деца биле безбедно донесени на брегот.
Се очекува тие да бидат префрлени во прифатен центар за мигранти на периферијата на главниот град Никозија.
„Два патролни чамци на поморската полиција, два брзи чамци, хеликоптер и волонтерски брод за спасување исто така беа вклучени во спасувачката операција кај Кејп Греко, во близина на туристичкиот град Аја Напа“, се вели во соопштението на тамошниот координативен центар за спасување.
Видете и ова: Хуманитарниот брод СОС Медитеран спаси 153 мигранти во Средоземното МореЗасега нема детали за националноста на мигрантите, или пак за тоа од каде испловил чамецот.
Тамошните власти соопштија дека е зголемен бројот на мигранти кои пристигнуваат со брод оваа година, при што е забележан пораст од 60 отсто во првите пет месеци во споредба со истиот период од минатата година.