Покрената е четврта кривична пријава против поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Големата порота во американската сојузна држава Џорџија го прифати обвинението против Трамп за обид за поништување на волјата на граѓаните со која тој во оваа држава загуба од демократот Џо Бајден на изборите во 2020 година.
Ова е втора пријава во која Трамп се терети дека се обидел да ги промени резултатите од изборите во 2020 година.
Обвиненијата, поднесени од окружната обвинителка на округот Фултон, Фани Вилис, се најнови во низата правни проблеми за Трамп, кој е фаворит во трката за претседателска номинација на републиканците во 2024 година.
Обвинителите поднесоа 11 обвиненија против Трамп и неговите соработници, вклучително и фалсификување и рекетирање, кои се користат против членови на организирани криминални групи.
Видете и ова: Американскиот обвинител назначи специјален советник во истрагата за синот на Бајден
Според Трамп новото обвинение личи на е „лов на вештерки“.
„Зошто не поднесоа обвиненија пред 2,5 години? Затоа што сакаа да го направат тоа среде мојата политичка кампања. Лов на вештерки“, напиша тој во пораката објавена на неговата социјална мрежа „Вистина“ ( Truthsocial).
Покрај Трамп, обвинети се уште 18 други лица, меѓу кои Марк Медоус, поранешен шеф на кабинетот на Трамп и адвокатите Руди Џулијани и Џон Истман.
Случајот во кој тие се обвинети се однесува на телефонски разговор од 2 јануари 2021 година, во кој Трамп извршил притисок врз Бред Рафенспергер, највисокиот изборен функционер во Џорџија, да „најде“ доволно гласови за да ги поништи изборите во државата, кои Трамп тесно ги загуби со разлика. Рафенспергер одби да го стори тоа.