Пад на руската рубља на светските пазари

Економските санкции и инфлација во Русија

Година ипол од започнувањето на инвазијата врз Украина, руската влада се соочува со значителни економски предизвици, при што вредноста на националната валута, рубљата, паѓа на светските пазари.

Откако руската централна банка свика итен состанок за вторник, девизниот курс беше над 100 за долар, што е пад на вредноста за приближно 30% од почетокот на годината.

Русија, исто така, соопшти дека билансот на тековната сметка на земјата, кој ја следи релативната вредност на стоките и услугите извезени од и увезени во земјата, паднал на 5,4 милијарди долари во вториот квартал од годината, што е пад од 93 отсто на годишно ниво, јави ВОА на македонски.

Тоа укажува на значителен пад на извозот, и е лош знак за економијата која во голема мера се потпира на извозот на стоки како што се фосилните горива и житото.

Откако рускиот претседател Владимир Путин ја започна сеопфатната инвазија на неговата земја врз Украина во февруари 2022 година, земјата веднаш беше ставена под огромен број санкции од страна на широк сојуз на најголемите светски економии.

Економските санкции кон Русија само се зголемија со текот на времето, особено со неодамнешното воведување на ограничување на цената на руската нафта и гас, што ѝ отежнува на Москва да го продаде својот најпрофитабилен извоз на отворениот пазар без да понуди значителен попуст на преовладувачката цените.

Русија презеде чекори за значително да ја преориентира својата економија кон поддршка на воените напори.

Резултатот беше транзиција на значителен производствен капацитет подалеку од комерцијално профитабилното производство и кон воен хардвер и материјали.

Во статија напишана за владина медиумска организација во понеделникот, помошникот на претседателот на Кремљ Максим Орешкин, призна дека падот на вредноста на рубљата е предизвик, но инсистираше на тоа дека вредноста на валутата брзо ќе закрепне.

„Сегашниот девизен курс во голема мера отстапува од основните нивоа, иако се очекува да се нормализира во блиска иднина“, напиша Орешкин.

„Слабата рубља ја комплицира структурната трансформација на економијата и негативно влијае на реалните приходи на домаќинствата. Силната рубља е во интерес на руската економија“, рече тој.

Во истиот текст, Орешкин ја префрли вината за падот на рубљата врз руската централна банка, која работеше на стабилизирање на економијата на нацијата во пресрет на инвазијата.