Протести во БиХ по фемицидот и убиствата во Градачац

Сараево, Босна и Херцеговина - Протест по трикратно убиство и ранување во Градачац, 14 август 2023 година.

Во неколку градови на Босна и Херцеговина на 14 август, се одржуваат граѓански протести против насилство, поради тројното убиство во Градачац.

Граѓаните бараат објаснување како повторно дојде до фемицид. Нермин Сулејмановиќ во видео во живо на Инстаграм на 11 август ја уби својата поранешна партнерка Низама Хеќимовиќ. Таа неколку дена претходно го пријавила во полиција за насилство.

Истиот ден Сулејмановиќ уби уште двајца, а рани три лица. За време на полициската акција извршил самоубиство.

Неколку стотици луѓе се собраа во понеделникот во Сараево. Собирот започна со обраќање на градоначалничката на Сараево, Бенјамина Кариќ, која пред граѓаните изнесе 16 барања за подобрување на институционалната борба против насилството.

Видете и ова: Протест во Градачац по трикратното убиство

„Бараме итно утврдување на одговорност на полициските службеници и носителите на правосудни функции, како и соодветно санкционирање во однос на евентуалните констатирани пропусти и кривична одговорност на споменатите лица и известување на јавноста за преземените дејствија и постигнатите резултати“, е едно од барањата што ги постави градоначалничката на Сараево.

И во други градови во БиХ имаше протести.