Министерството за одбрана на САД на 14 август објави нов пакет безбедносна помош за Украина додека таа продолжува да се бори против руската инвазија. Пакетот вреден 200 милиони долари вклучува дополнителна муниција за системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ и артилериски ракетни системи за висока мобилност „Химарас“. Вклучена е и опрема и системи за расчистување мини, соопшти Пентагон.
„Русија ја започна оваа војна и може да ја заврши во секое време со повлекување на своите сили од Украина и прекинување на бруталните напади“, изјави на 14 август американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
Во соопштението на Пентагон се нагласува дека САД и нивните сојузници и партнери ќе и помагаат на Украина онолку колку што е потребно.
Од почетокот на целосната воена агресија на Руската Федерација во Украина, Пентагон му обезбеди на Киев 43 пакети помош во вредност од 43 милијарди долари.