Неколку цивили се убиени во руско гранатирање во јужна Украина, додека борбите продолжуваат на југот и на истокот на земјата, објавија украинските власти на 13 август.
Седум цивили, меѓу кои едно бебе и 12-годишно момче, загинаа во регионот Керсон за време на гранатирање, при што беа оштетени станбени згради во неколку населени места, објави воената администрација на регионот Керсон во објава на Телеграма. Шест лица се повредени во нападот, пишува редакцијата на Радио Слободна Европа на англиски јазик.
Видете и ова: Киев: Убиени се најмалку 500 деца во руската инвазија на УкраинаГранатирање беше забележано и во неколку цивилни области околу градот Никопол, во јужниот регион Запорожје.
Во дневниот извештај, Генералштабот на Украина објави 39 судири во претходните 24 часа, со борби во источниот дел на регионот Харков, западниот дел на регионот Доњецк и во областа Роботин во областа Запорожје.