Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Украина ѝ треба повеќе опрема за деминирање и способност самата да произведува таква опрема.
Зеленски го коментираше пакетот помош објавен претходно оваа недела од Азербејџан, кој вклучуваше машина за деминирање.
„На Украина и треба опрема од партнери и многу е важно да се создаде производствена база во Украина за да можеме да ја исчистиме нашата земја од руски мини“, рече Зеленски.
Видете и ова: Киев: Убиени се најмалку 500 деца во руската инвазија на УкраинаЗеленски наведе податоци за распространетоста на мините во Украина, велејќи дека украинските специјалисти „откриваат стотици експлозивни предмети секој ден“.
Мини и неексплодирана муниција во моментов се распространети на 174.000 квадратни километри од Украина или околу 20 отсто од земјата, рече тој.