Најмалку 500 деца се убиени, а повеќе од 1.000 се повредени откако Русија ја започна војната во Украина во февруари 2022 година, соопшти на 13 август Канцеларијата на јавниот обвинител на Украина. Беше истакнато дека бројките се нецелосни поради тешкотиите во собирањето податоци во областите окупирани од руските сили.
Обединетите нации (ОН) претходно објавија дека најмалку 9.396 цивили биле убиени, додека 16.646 биле ранети. Забележани се смртни случаи и повредени во повеќе од 1.500 населби во Украина од почетокот на инвазијата во февруари 2022 година.
Видете и ова: Убиени цивили во новите руски напади во УкраинаРусија продолжува да извршува воздушни напади насочени кон градови низ Украина.
Женевската конвенција и придружните протоколи на меѓународните судови велат дека страните вклучени во воен конфликт мора да прават разлика помеѓу „цивилни и воени објекти“ и дека нападите врз цивилни објекти се забранети.