Кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски попладнево објави соопштение по повод реакциите во јавноста за посетата на косовскиот премиер Албин Курти на општините Тетово и Чаир.
„Кабинетот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Ви посочува дека пред сѐ, оваа посета на премиерот на Косово, Албин Курти е приватна посета, и за деталите од поканата, протоколот и организација на посочениот настан Ве молиме да се обратите кај организаторот“, се вели во соопштението од Владата по повод реакциите по вчерашната посета на премиерот на Косово, Курти во Тетово и во Скопје.
Од Кабинетот на премиерот се осврнуваат и на истакнувањето знамиња кои не се државни, како што беше она со картата на т.н. Голема Албанија во публиката на концертот во Тетово, организиран од Општина Тетово по повод посетата на Курти.
„Во секој случај, Кабинетот на премиерот смета дека истакнувањето знамиња кои не се државните е спротивно на протоколите и законите за организирање настани во присуство на државници од странски земји. Воедно, видот на иконографија забележан на настанот во присуство на висок претставник на странска држава е несоодветно и недозволиво во земја членка на ООН и земја членка на НАТО и во таа насока Ве информираме дека СВР Тетово презема мерки за идентификување на сторителите и целосно расчистување на случајот. Дополнително Ве информираме дека од Кабинетот на премиерот во текот на денот е исконтактиран амбасадорот на Република Косово во Република Северна Македонија, во врска со споменатата иконографија користена при приватната посета на косовскиот премиер на земјата“, се појаснува во соопштението.
Видете и ова: Знаме на „Голема Албанија“ на концертот за Курти во ТетовоКабинетот на премиерот посочува и дека за осуда е фактот што на настанот организиран на територија на Северна Македонија, не е интонирана македонската државна химна и не е истакнато македонското државно знаме.
Од Кабинетот на Ковачевски се осврнуваат и на преименувањето на улицата Втора Македонска бригада во улица Адем Демачи.
„Дополнително, иако локалната самоуправа во Северна Македонија има целосна слобода во донесувањето на одлуки кои ја засегаат општината, сепак, Кабинетот на премиерот Ковачевски посочува дека не се согласува со преименување на улица која го носи името на херојската Втора Македонска Бригада. Посочуваме дека локалната самоуправа требало изминатиот период поревносно да си ја врши својата работа и досега да изгради нова улица која ќе ја именува согласно законските процедури“, се наведува во писмениот допис од Владата.
Видете и ова: Харадинај до Албанците во С. Македонија: Не му верувајте на КуртиНа преименувањето на улицата вчера и денеска реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а за истакнувањето на знаме ан Голема Албанија реагираше кумановскиот градоначалник.
Косовскиот премиер Албин Курти беше во Северна Македонија и се сретна со дел од лидерите на опозициските партии на Албанците. Дел од аналитичарите и дел од политичарите оваа посета ја протолкуваа како поддршка на „албанската опозиција во Северна Македонија“.