Србија заостанува во усогласувањето на надворешната политика со ЕУ

Илустрација

Србија сè уште заостанува во усогласувањето на својата надворешна и безбедносна политика со Европската унија во споредба со другите земји кандидати од Западен Балкан, покажа анализата на невладиниот Фонд ISAC - Центар за меѓународни и безбедносни прашања.

Во првата половина на 2023 година, Србија имаше стапка на усогласеност од 52 отсто, додека Црна Гора, Северна Македонија и Албанија целосно ја следеа ЕУ.

Видете и ова: За Брнабиќ писмото од парламентарците од САД и ЕУ е поддршка за Курти

За разлика од овие земји, Србија во споменатиот период испочитувала само 34 од 65 декларации и рестриктивни мерки на ЕУ.

Сепак, Србија успеа малку да ја зголеми усогласеноста во однос на истиот период минатата година, кога стапката беше 44 проценти. Причината за тоа, како што наведува Фондот ISAC, е „помалку интензивниот ритам“ на воведувањето нови пакети санкции против Русија поради нејзината агресија врз Украина.