Руско министерство забарани употреба на ајфон и ајпед

Илустрација

Руското Министерство за дигитален развој им забрани на вработените да користат iPhone и iPad уреди на Apple за деловни цели, објави во петокот новинската агенција Интерфакс, цитирајќи го министерот Максут Шадаев, објави Ројтерс.

„Воведена е забрана за користење на мобилни уреди (Епл) – паметни телефони и таблети – за пристап до работни апликации и размена на деловни е-пошта“, изјави тој за новинарите на дигитална конференција, соопшти агенцијата.

Дозволено е користење на iPhone за лични потреби“, рече Шадаев.

Видете и ова: Руските разузнавачи обвинуваат- хакирани се Ајфони на дипломати

Министерството ја издаде двомесечната забрана по тврдењата на главната руска домашна безбедносна служба, ФСБ, дека неколку илјади уреди на Apple биле компромитирани како резултат на американска шпионска операција.

Apple ги отфрли овие наводи, пренесе Ројтерс.

Американската агенција за национална безбедност, за која ФСБ рече дека работи со Apple, одби да ги коментира тврдењата во тоа време.