Американското министерство за финансии ги додаде основачите на Алфа Банк, руските тајкуни Михаил Фридман и Пјотр Авен на списокот со санкции. Во соопштението на 11 август е наведено дека на списокот се додадени уште двајца руски олигарси, Кан и Алексеј Кузмичов, кои се главни акционери на холдингот Алфа-груп, како и на Руската унија на индустријалци и претприемачи.
Четворицата милијардери беа под европски, австралиски, канадски, швајцарски и новозеландски санкции наметнати поради тоа што се блиски со претседателот Владимир Путин и за финансирање на тековната агресија на Кремљ против Украина.
„Богатите руски елити треба да ја отфрлат идејата дека можат да работат како и обично додека Кремљ води војна против украинскиот народ“, рече заменик-секретарот на Министерството за финансии Воли Адејемо.
Видете и ова: Украина национализираше банка поврзана со руски тајкуни„Нашата меѓународна коалиција ќе продолжи да бара одговорност од оние што овозможуваат неоправдана и неиспровоцирана инвазија на Украина“, додаде тој.
Со ставањето на листата на санкционирани целиот имот на санкционираните што е во во Соединетите Држави или во сопственост или контрола на лица од САД се блокирани и мора да се пријават на OFAC, се вели во соопштението. Дополнително, блокирани се и сите субјекти кои се во сопственост, директно или индиректно, 50 отсто или повеќе од едно или повеќе блокирани лица.